-На 18.04.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на с.Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР.
Како што информира МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.