strumica denes logo

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-БЕРОВО, ТЕШКО ПОВРЕДЕНА 24 ГОДИШНА ДЕВОЈКА!

24-годишна девојка од Берово е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Берово-Струмица вчера околу 15.00 часот, информираа од МВР.

„Вчера околу 15,25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на , на место викано „Шушлевец“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.П.(24) од Берово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., додека со телесни повреди се здобил И.М. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово“, соопштија од полицијата.

Автор:

Датум:

април 17, 2023

Категории:

Хроника, Струмица