Викендот е време за експериментирање во кујната и уживање во вкусни ручеци.
Токму таков е овој ручек со пилешки топчиња од кои ќе барате уште. Лесен за подготовка, уште полесен за јадење.
Потребни состојки:
- 700g мелено пилешко месо
- 50g рендан пармезан, плус уште малку за одозгора
- 60g лебни трошки, плус уште 80g за увалкување
- 2 големи јајца
- 1 мал стар кромид, сечкан ситно
- 4 чешниња лук, сечкан ситно
- 2 лажици сечкан босилек, плус уште малку за декорација
- ½ лажица оригано
- ¼ лажица црвен пипер
- 100g моцарела (или кашкавал), на парчиња за во топчињата
- 50g масло за готвење
- 1 конзерва доматен сос
- 230g моцарела (или кашкавал), рендано
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Во длабок сад, измешајте ги месото, пармезанот, лебните трошки, јајцата, кромидот, лукот, босилекот, ориганото, црвениот пипер, солта и биберот.
- Измешајте ја смесата и формирајте средно-големи топчиња од мешавината и ставете ги на хартија за печење.
- Во секое топче вметнете парче моцарела или кашкавал и убаво извалкајте ги во преостанатите лебни трошки.
- Во меѓувреме загрејте го зејтинот и кога ќе се загрее, ставете ги топчињата и вртете ги на сите страни додека добијат златна боја.
- Истурете го доматниот сос во длабок сад, наредете ги топчињата, наросете моцарела или кашкавал и ставете да се пече 25 минути додека кашкавалот се растопи и добие боја.
Погледнете го видеото за детална постапка:
View this post on Instagram