strumica denes logo

ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА – ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

Автор:

Датум:

април 10, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 10, 2023

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🔴Градежната офанзива во Струмица продолжува. Од ден во ден таа е се поголема.

👉Денес започнаа работите на реконструкција на улицата ,,Крушевска Република’’ во Струмица. Предмет на оваа градежна активност е целосна реконструкција на двете коловозни ленти од оваа улица, покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН па се до Момин бунар, во должина од 583 метри.

Реконструкциујата ги опфаќа и тротоарните површини, како и изведба на ново атмосферско одводнување.

Се радувам на отпочнатите активности, затоа што улицата „Крушевска република“ е една од најважните сообраќани артерии во Струмица, која го поврзува централното градско подрачје со периферијата во овој дел на градот, а води и до два значајни верски објекти.

Денес се асфалтира левата страна од улицата, а во деновите кои следуваат ќе отпочнат слични активности и на други позиции во градот и населените места.