strumica denes logo

Битиќи: Инфлацијата во јули ќе падне на едноцифрена стапка

Автор:

Датум:

април 7, 2023

Автор:

Датум:

април 7, 2023

Расправата за инфлацијата ја започнавме во март минатата година кога беше околу 7% и се случи да е вистината мојата изјава дека ќе имаме инфлаторна спирала и во октомври дојдовме до 19,8%, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Телма телевизија. Тој додаде дека следувал заеднички одговор на монетарната и фискалната политика.

-Потоа Народната банка и водењето на монетарната политика од нивната страна и фискалната политика од наша страна имаа резултат. Веќе во јули спред анализите ќе имаме едноцифрена стапка на инфлација, како последица на е кохерентноста во носењето на одлуки, рече Битиќи.

Тој кажа дека дебатата за монетарната политика и нејзините мерки се водат моментално и во САД и дека водењето монетарната политика може до одреден степен да доведе до забавување на економскиот раст.

-Во месец октомври, ноември , декември имавме до 700 евра за час мегават електрична енергија. Тогаш немавме мерки за замрзнување на цени, намалување на маржи, но следуваше одговорот. Утре Државниот завод за статистика треба да излезе со податокот за инфлацијата и верувам дека таа ќе биде намалена, но можеби некој ќе ја препише на новите мерки, кажа Битиќи.