strumica denes logo

ЈАГНЕШКОТО ПО ЦЕНА ОД 540 ДЕНАРИ? СТОЧАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ВРЗАТ КРАЈ СО КРАЈ И БАРААТ РЕАЛНА ОТКУПНА ЦЕНА!

Автор:

Датум:

март 30, 2023

Автор:

Датум:

март 30, 2023

Сточарите од Брегалничкиот регион бараат реална откупна цена на јагнешкото месо. Сметаат дека цената од 180 до 190 денари за килограм жива мера не им е ниту исплатилива, ниту доволна за да преживеат. Наспроти ова во месарниците цената на јагнешко месо се продава по цена од над 540 денари за килограм. Сточарот Омер Бајрам од штипското село Лакавица е единствениот кој останал да чува овци. Посочува дека цената на храна е висока, има многу работа околу овците и јагнињата, а какошто вели на крајот речиси и ништо да не останува. Според него реалната откупна цена на јагнето треба да биде околу 280 денари.

-Цената да ти кажам сега за сега е заникаде. 180 до 190 денари жива мера е, а во месарите е 500 до 600 денари во месарнциите. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концетрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари, не сме благодарни од цената. Реалната цена треба да биде барем двојно, оти 100% се е скапнато, минимална треба да е 260 до 280 денари, вели Бајрам.

Иако има 400 грла овци, тој не произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и цената на млекото, која се откупува од нив,

-Од нас сточарите млекото го земаат евтино за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правеме со него. Лани беше 40 денари, оваа година 50 денари овчо млеко. Едно кафе во кафич е 60-70 денари, а едно литро овчо млеко е 50 денари, вели Бајрам.

Забележува дека сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за одвај десет денари. Бајрам со сточарство се занимава од неговата 15 година.