strumica denes logo

Замрзната цената на хигиенските производи

Автор:

Датум:

март 29, 2023

Автор:

Датум:

март 29, 2023

Се замрзнуваат и намалуваат цените на хигиенските производи и тоа тоалетната хартија, влажните марамици, пелените за деца и возрасни, како и хигинеските влошки. Според вчерашната одлука на Владата тие ќе се протаваат за 13 отсто помалку од центата што овие производи ја имале на 20 март. Одлуката ќе важи од 1 април до 31 мај.

До крајот на неделата граѓаните треба да очекуваат и замрзнати цени на овошјето и зелечукот, најавува министерот за економија.

Иако од реалниот сектор постојано реагираат дека замрзнатите цени се мерка која е на штета на бизнисот, Бектеши го одби барањето на Стопанските комори наместо со замрзнати цени Владата да ја решава инфлацијата со интервенција преку стокови резерви. Тој вели дека размислува и за системско решние, преку откажување на дел од ДДВ-то и на царинските давачки за одредени производи, но ја обвини опозицијата дека го блокира процесот во Собранието.

Ова е четврто замрзнување на цените што го прави Владата изминатиот месе со цел да го спречи растот на цените. Најпрво ги замрзна лебот, млекото и млечните производи, потоа брашното со макароните и шпагетите, а минатата недела ги замрзна и јајцата од кокошка и оризот.

Замрзнатите цени во маркетите неколку пати лично ги проверуваа Бектеши и премиерот Ковачевски. Министерот не исклучи мерката да биде продолжена и по 31 мај.