strumica denes logo

Овие автомобили имаат најчесто вратена километража

Автор:

Датум:

март 21, 2023

Автор:

Датум:

март 21, 2023

Враќањето на километражата на возилото останува вообичаена практика на пазарот на користени возила. И покрај тоа што купувачите се повеќе се претпазливи за измамите со автомобили, новото истражување на carVertical покажува дека ризикот од купување возило со ваков тип на измама е сè уште многу висок.

Измамата на километражата не само што значи високи трошоци за одржување, туку и значително ја намалува вредноста на автомобилот. Со загубите од измами со километража проценети на 8,77 милијарди евра годишно

Автомобилот со најчесто вратена километража е луксузниот седан Audi A8. Од сите A8 проверени на платформата, 30,6% имале фалсификувана километража, што значи дека речиси секој трет користен Audi A8 може да има лажна километража, следуват Audi A7, BMW X5, BMW Серија 7 и Volkswagen Touareg.