Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Вечерва состанокот со претседателите и претседателките на месните комитети има за цел да го означи почетокот на големата акција на ВМРО- ДПМНЕ:
ЗАЕДНО СО НАРОДОТ!
Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Струмица ја започнува Акцијата насловена како Заедно со народот во која со почит ќе ги посетиме сите членови.
Ќе разговараме со секого за состојбите во општината и државата и потоа сите заедно ќе направиме чекори со кои ќе потврдиме дека постои сила во нашата нација и, постојат кадри во нашата татковина Македонија кои може да направат сериозни и реални промени!