Откако ќе ја видите, ќе посакате веднаш да ја направите оваа торта која се топи во уста и нема да може да се сопрете со желба за парче плус – има 5 состојки, а се прави во 2 чекори.
Обожаваме лесни рецепти кои ни привлекуваат внимание со вкусниот изглед, но и со едноставната подготовка.
Токму таков е овој рецепт за чоколадна торта, која наликува на топло-ладен колач, на која нема да може да одолеете.
Потребни состојки (за калап од 7 инчи или 17cm):
- 145g солен путер, стопен
- 360g шеќер
- 120g брашно
- 60g какао во прав
- 3 големи јајца, изматени
Начин на подготовка:
- Во сад со стопениот путер, ставете ги шеќерот, брашното, какаото и малку измешајте, па додадете ги изматените јајца и соединете ја смесата со мешање.
- Намрсете го калапот, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 160 степени Целзиусови (со вентилатор), 30-35 минути.
Видео упатство: