Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му дошепна дека залудно си го потроши имотот, наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее неуредно и беззаконо. Кога му се приближи часот на смртта, се собраа околу него монасите од братството и почнаа да разговараат за неговите гревови, зашто тој беше во бессознание. Одеднаш се исправи во постелата и рече: „Отци и браќа, така е како што велите, но еве ми се јавија свети Антониј и Теодосиј, а потоа и Пресвета Богородица и ми рекоа дека Господ ми дава уште време за покајание“. Вреднувајќи го неговото украсување на црквите, Пресвета Богородица му кажала и охрабрувачки зборови: „Сиромасите ги имате на секое место, а моите цркви ги немате“. И поживеа уште три дена, па се покаја и почина во Господ. Свети Еразмо се упокои во 1160 година.
Денес се слави Преподобен Еразмо, монах Печерски
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…