ТикТок неодамна објави дека ќе ја ограничи употребата на апликацијата за корисници на возраст под 18 години. Така, дневниот лимит за малолетниците ќе биде 60 минути, кој ќе се применува автоматски.
Децата под 13 години ќе треба да побараат дозвола од нивните родители да продолжат да ја користат апликацијата со внесување на посебен ПИН поставен од родителите.
Според компанијата, временското ограничување потрошено на апликацијата е воведено за да се поттикнат помладите да го поминуваат своето време поквалитетно. ТикТок ја заснова оваа одлука на истражување и консултација со експерти во Digital Western Lab во Бостонската детска болница.
ТикТок, инаку кинеска компанија, веќе извесно време е под политички притисок од американските власти, а неодамна и од институциите на ЕУ, па некој би можел оваа одлука да ја протолкува како ласкање, пренесува ИТ Вести.
Од друга страна, може да се каже дека ова е всушност само трансфер на пракса од Кина, со оглед на тоа што веќе подолго време има нешто построги ограничувања за користење телефони и видеоигри за деца.