strumica denes logo

Од Министерството за труд и социјална политика демантираат дека пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ не се повикани на конференцијата за жени во политиката!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2023

Категории:

Настан, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 28, 2023

Категории:

Настан, Струмица

По повод утрешниот настан организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика „Жени во политиката, говор на омраза, сенка која обесхрабруба“, пратенички од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во одредени медиуми реагираа дека ниту една претставничка од опозицијата не била поканета како панелистка на конференцијата. Од Министерството за труд и социјална политика ја демантираа вестта, соопштувајќи дека жени пратенички не само од оваа партија, туку и пратенички од други партии се дел од настанот.

„Во врска со реакцијата на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ, сакам да ја информирам јавноста дека жени пратенички не само од оваа партија туку и пратенички од други партии се дел од настанот организиран на 1 март организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика. Дел од нив со соодветни пораки за говор против омраза кон жени во политиката учествуваат и во промотивното видео за настанот кое ќе виде прикажано на отворањето на настанот, а кое јавноста ќе има прилика да го види утре. Останатите пратенички се уредно поканети да присуствуваат на настанот.“, велат од Министерството за труд и социјална политика за Струмица Денес.

Линк од реакцијата на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ: https://tocka.com.mk/vesti/438134/pratenickite-od-vmro-dpmme-reagiraat-ne-se-povikani-kako-panelisti-na-konferencija-za-zeni-vo-politikata