Никола Андонов:
Почитувани пријатели, сопартијци и сограѓани со задоволство споделувам со Вас дека Извршниот Комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Сергеј Попов ме избра за Претседател на УМС Општински Комитет Струмица.
Ми претставува чест, предизвик и одговорност да бидам дел од тимот на најголемиот и најорганизиран политички подмалдок во нашата Македонија.
Благодарност за укажаната доверба и повик за ангажираност до членовите на УМС Струмица со месните комитети со кои заедно и напорно работиме.
Му благодарам на Извршниот Комитет предводен од Претседателот Сергеј Попов.
Почит и благодарност до нашиот Лидер Христијан Мицкоски за доброто и храбро водство!
Нема посилна енергија од таа на младиот човек кој решил да се заложи себе за интересите на својата татковина!
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!