Прво, обидете се да го избегнете гладот
За да не штрајкувате со глад навечер, најважно е паметно да ги планирате оброците во текот на денот.
Доколку јадете нередовно и малку, нутриционистите тврдат дека последиците ќе се одразат во вечерните часови.
Погрижете се да го изедете поголемиот дел од храната до вечера и да консумирате доволно протеини и влакна.
Меѓутоа, кога сте „во криза“, посегнете по предлозите подолу:
Оризови галети со путер од кикиритки
Оваа мини закуска пред спиење е идеален пример за таканареченото „свето тројство“ во исхраната. Тоа е квалитетна комбинација од протеини, масти и јаглехидрати.
Путерот од кикиритки содржи протеини и добри масти, додека оризовите галети содржат корисни јаглехидрати. Поради тоа, нивото на шеќер во крвта ќе ви биде на завидно ниво во текот на ноќта.
Само избегнувајте путер од кикиритки кој има додатен шеќер во него.
Грчки јогурт со шумско овошје и бадеми
Како и во претходниот предлог, и тука има здрави јаглехидрати (бобинки), протеини (грчки јогурт) и масти (бадеми).
Бобинките, односно шумското овошје содржи антиоксиданти, а дополнително придонесуваат за добро здравје. Изберете боровинки, малини, јагоди, капини и/или рибизли.
Идеално е да бидат свежи, а замрзнатите можете да ги сомелете во блендер, па со сосот прелијте го грчкиот јогурт.
Јаткасти плодови прелиени со темно чоколадо
Грст јаткасти плодови прелиени со темно чоколадо е совршено задоволство за добра ноќ. Целта е само да се контролира количината, и да се провери дали чоколадото има помеѓу 70% и 85% делови од какао.
Лешници, бадеми, бразилски ореви, пекан ореви или макадамија се одлични за оваа слатка закуска.
Банани
Освен што се вкусни и здрави, бананите ќе ви помогнат полесно да заспиете. Тие содржат калиум, кој ги опушта мускулите и триптофан, кој го подобрува расположението.
Да, тие се слатки, но имајте на ум дека станува збор за природен шеќер.