Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Почитувани граѓани,
Пожарот кој околу пладне избувна во атарот на населбата Софилар, а чадот и пепелта се почувствуваа во градот, е ставен под контрола.
И покрај ветерот, брзата интервенција на пожарникарите не дозволи негово проширување.
Да бидеме спокојни, пожарот е локализиран, а состојбата и понатаму ја контролираат нашите пожарникари.
Голема благодарност до ТППЕ Струмица и нашите пожарникари.