Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Ве известува дека во тек е пријавувањето за учество на Детскиот карневал 2023 година.
Пријавите може да се симнат на официјалната веб страна http://www.strumickikarneval.com и достава во електронска форма на е-маил: strumicacarnival@gmail.com најкасно до 10.02.2023 година.
Доколку на главната сцена учесниците планират настап со кореографија и музика и евентуално пропратен соодветен текст истите (музика во MP3 формат, но не подолга од 3 минути, и текст во Word формат/мак.фонт), да ги прикачат кон пријавата.
Поблиски информации може да се добијат и на тел.бр. 075/479 033 и тел.бр.071/395 230.