strumica denes logo

МАКЕДОНИЈА Е ХУМАНА ДРЖАВА: Собрани околу 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

Автор:

Датум:

февруари 9, 2023

Автор:

Датум:

февруари 9, 2023

Црвениот крст на РМ на 08.02.2023 година одржа прес конференција во врска со катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Прес конференцијата беше отворена од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ д-р Саит Саити и амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин Хасан Мехмет Секизќок.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ д-р Саит Саити истакна дека на наше големо задоволство може со сигурност да кажеме дека граѓаните на Република Македонија и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари. Исто така Црвениот крст на РМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин Хасан Мехмет Секизќок изрази голема благодарност до сите граѓани на РМ за несебичната хуманоста и солидарноста кои ја покажуваат.

Во координација со Амбасада на Република Турција во РМ договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства. Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош. Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните.