Во хуманитарната акција за настраданите од силниот земјотрес што ги погоди Турција и Силија, се пруклучи и уметничката Ана Филев која синоќа објави дека оној кој ќе го купи делото „Охридска куќа“ во износ од 30.000 денари, истите средства ќе бидат уплатени на сметката за донација.
„Почитувани пријатели, сликата „Охридска куќа“ 100×70 cm се продаде. Ви благодарам за секој коментар, споделувањето и сите прекрасни желби и зборови. 30.000 денари се уплатени на сметката за донација“, објави Филев на социјалните мрежи.
За сите оние кои сакаат да помогнат, 143 400 е бројот за донации за помош на населението на Турција и Сирија!