strumica denes logo

КОСТАДИНОВ: Гоце не се роди за да биде „монета за поткусурување“, Гоце е Македонија, а Македонија е се’ што имаме!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

ГОЦЕ е Македонија, а Македонија е се што имаме!

🇲🇰За Македонија се бореше, за Македонија ги негуваше своите социјалистички и револуционерни идеи и за истата таа Македонија го даде својот живот.
Денес, кога одбележуваме 151 година од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, треба да знаеме, во вистинска смисла на зборот, да го почитуваме и негуваме неговото име и дело.

Но со право треба да констатираме дека Гоце не се роди за да биде „монета за поткусурување“, ниту причина за повампирување на политички апетити и територијални претензии. Зарем оној кој го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите, заслужува да биде наметнат „камен на сопнување“ и омраза меѓу народите.

Вистината за нашето минато и вистината за нашата сегашност нека ни го трасираат патот кон нашата убава иднина. Гоце Делчев, бездруго и во таа иднина ќе го има своето заслужено место во меморијата на нацијата и државата македонска.

Нека ни е вечен споменот за раѓањето, животот и револуционерниот пат на најголемиот македонски син.