Европската вселенска агенција објави кратко видео во кое е прикажано како изгледал патот на капсулата Orion од лансирањето до враќањето на Земјата. Со оваа мисија е направен првиот чекор кон враќање на луѓето на Месечината, што се очекува најрано за 3 години.
Сепак, до повторното зачекорување на Месечината има уште доста предизвици и не треба да се чудиме ако дојде до повторно одложување.
Orion беше во вселената 25 дена и отиде таму каде што никогаш не било друго летало наменето за летање со човечки екипаж – речиси 450.000 км од Земјата. Во тоа време Orion испраќање фасцинантни фотографии од површината на Месечината, но и од пејзажот на вселената.
После тие 25 дена леталото минатата недела слета во Тихиот Океан, а успешното враќање значи и почеток на подготовките за другиот голем чекор во мисијата Artemis II. Во новата мисија на пат до Месечината ќе има и астронаути. Пред тоа треба да се направат анализи на бројните податоци собрани во текот на овој лет.
Дотогаш ќе помине доста време, а ние засега можеме да уживаме во видеото од мисијата Artemis I од лансирањето до лсетувањето во Тихиот Океан.