На 11 јануари во Струмичката епархија беа поканети директорите на средните училишта од Струмица ,,Димитар Влахов” и ,,Никола Карев” и директорите на основните општински училишта ,,Видое Подгорец”, ,,Сандо Масев”, ,,Никола Вапцаров”, ,,Маршал Тито” од Струмица и основните училишта ,,Св.Кирил и Методиј” од Дабиле, ,,Маршал Тито” од Муртино, ,,Даме Груев” од Куклиш и ,,Герас Цунев” од Просениково.
На оваа средба беа повикани од страна на нашата Елеуса Фондација за да им поделиме божиќни пакетчиња наменети за децата со посебни потреби кои се нивни ученици.