Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Децата знаат да ја препознаат искрената љубов кон нив, но и да возвратат со иста мерка.
Поубав почеток на денот не можев ни да посакам.
Дечињата од новата градинка „Виножито“ утрово ме поканија на појадок и тој е најубавиот што сум го имал во последно време. Појадувавме варени кори со сирење во прекрасен амбиент исполнет со пријатен разговор, детски џагор и радост.
По појадокот бевме малку и креативни, пишувавме писма до Дедо Мраз со желбите кои сакаме да ни ги исполни и ги испративме до него.
Дечиња, ви благодарам за убавото утро и вкусниот појадок, се гледаме повторно, желбата за дружење е взаемна.
Секогаш од срце за децата на нашата Струмица.