Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Општина Струмица предводена од градоначалникот Костадинов го креираше најнетранспарентниот буџет досега. Буџетот е скроен според ПР потреби на Градоначалник не според потребите на граѓаните.
Разликата при креирањето на буџетите помеѓу градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со нивните колеги од СДСМ е очигледна.
Во општините каде што локалната власт е на ВМРО-ДПМНЕ се направија широки консултации при креирање на буџетите на кои присуствуваа граѓаните, здруженијата, клубови, пратениците од собранието на Македонија.
Општина Струмица бележи пад на сите листи на транспарентност за што стои во извештаите на локалните и меѓународните организации. Овој буџетски процес беше еден од најнетранспарентните досега. Градоначалникот не посети ниту едно населено место за да ги чуе потребите на граѓаните.
Не се одржаа собири на граѓани ниту во месните заедници во Струмица, а претставниците на месните заедници беа повикани на состанок во Дом на АРМ каде наместо да ги изложат своите проблеми, истите слушаа предавање од градоначалникот.
Буџетскиот форум наместо тренспарентен процес за учество на граѓаните кои во минатото траеше четири недели, се претвори во дводневна претстава за администрација, која самата ги изгласа проектите на градоначалникот.
Прашајте ги граѓаните, дали некој беше консултиран за нивните потреби во општинскиот буџет. Ниту здруженијата, ниту спортските клубови, ниту граѓаните во месните заедници, ниту поедини таргет групи, а најмалку опозицијата.
Во рамките на нашите заложби за зголемување на транспарентноста на општината поднесовме ,,План за поголема достапност и отвореност на Општина Струмица”. И покрај тоа предлог буџетот не е објавен на општинската интернет страна, што претставува дополнителен удар за траспарентноста на општина Струмица.
Ја повикуваме општина Струмица да го објави предлог-буџетот на Општина Струмица за 2023 година заедно со предлог програмите за 2023 како би можеле граѓаните да се вклучат во креирање на буџетот.
Ги повикувам сите граѓани, здруженија, клубови, претставници на месните заедници за сите забелешки да ги контактираат советниците и истите тие да бидат дел од буџетот за 2023 година.