Претпоставувам пред мене тие што беа генерално го објаснија духот на средбата, но јас ќе кажам како ние ја видовме оваа средба. Најпрвин жалиме што кај Владата и кај мнозинството нема доволно слух за реалните проблеми на граѓаните, па на оваа средба не се разговараше на пример за денешниот податок кој што излезе, а тоа е 20% инфлација или пак за 31% зголемени цени за храната и безалкохолните пијалоци. Тоа се суштинските проблеми што ги мачат граѓаните, како ќе ја поминеме оваа зима, со кои предизвици ќе се соочиме, каква е подготвеноста на владата, ова денеска по лидерската средба го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Тоа се оние реални за кои што треба да се разговара на едни вакви средби на кои што се политичари кои што носат одговорност и кои што треба да им помогнат на граѓаните и да разговараат за тие теми. За жал денеска мнозинството ја пропушти оваа можност и бидејќи ја пропушти оваа можност единствената тема која што беше во нивен фокус е тоа што нив ги интересира за дефокус на ова се каде што се тие неуспешни, а тоа е таканаречените уставни измени под превезот на некаква си европска иднина која што многупати во минатото самите тие ја погазија. Од она што можам да го заклучам, а тука се и останатите претседатели на политички партии кои што се дел од коалицијата парламентарна, тука се Иван Стоилковиќ и Љупчо Димовски дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени. Нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен слет на настаните е парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски.
Тој додава дека тоа беше и од наша страна побарано, денеска на денешниот состанок, откако стана очигледно дека немаме мнозинство кое што би гласало за, еве, евентуални уставни измени кои што ги предлага владиното мнозинство.
-Констатиравме и дека ова е задоцнета средба и дека консензус, консултации со парламентарни политички партии се прави пред да се носат одлуки. Вака, пост фестум консултации се непотребни, фрустираат и само за да не бидеме прогласени како коалиција која што, еве е антидржавна, неконструктивна и е спротивна на иднината на државата. За тоа се одваживме и дојдовме денеска, свесни при тоа дека можеби нема да разговараме за она што ги мачи граѓаните и дека нема да има никаков резултат од денешните средби, иако, морам да кажам дека помалку комично делуваше еден документ кој што беше поделен на крајот од средбата, кој што требаше да бидат некакви си заклучоци кој што го одбивме и воопшто не сакаме ни да го коментираме, бидејќи самото тоа не е европски чекор, еве ви заклучоци да се сложиме и да ги усвоиме овие заклучоци. Но, кога веќе сме кај заклучоците, сакам да потврдам дека пратеникот и претседател на Демократски Сојуз, Павле Трајанов денеска предложи да излеземе од оваа средба со заклучок каде што ќе побараме од бугарската Влада да го признае македонското малцинство во Бугарија и при тоа, да ги признае правата кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Јас лично го поддржав овој заклучок и жалам што останатите кои што се дел од владиното мнозинство не успеа да се надминат и да го поддржат овој заклучок и да излеземе со еден заклучок еден заеднички и да го поддржиме нашинците од тој дел на границата. Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ го поддржа пратеникот Павле Трајанов и претседател на демократски сојуз но очигледно дека во владиното мнозинство немаше слух за такво нешто, рече Мицкоски.
Додава дека. така што да заклучам, мнозинство за уставни измени нема, логичен слет на настаните е организирање на предвремени парламентарни избори.