Одбојкарскиот првак на Македонија, екипата на Струмица Никоб ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампионите. Утре, во терминот од 19:30 часот во Амстердам македонскиот тим ќе се судри со Динамо Апелдорн.
Веќе утрово одбојкарите од Струмица допатуваа во Скопје и летнаа кон Холандија за квалификацискиот натпревар. Клубот работеше на засилувања за оваа сезона, целта е да се дотурка што е можно подалеку на меѓународната сцена, како и одбрана на македонскиот трон.
Доколку Струмица го мине првото претколо во Лигата на шампионите, тогаш следен противник ќе ѝ биде екипата на Спортинг Лисабон.