Поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски кој трагично го загуби животот во авионска несреќа беше единствениот претседател кој се сретнал лично со кралицата Елизабета втора.
Нивната средба се случила во 2000-та година, кога Трајковски заедно со својата сопруга бил во посета на Лондон и Обединетото Кралство.
Фотографијата која ја постираше неговата ќерка е доказ за нивната средба на која малкумина се сеќаваат особено по 22 поминати години.