strumica denes logo

Александра Јанева и Поликлиника Мартини – доверба што трае!

Автор:

Датум:

август 18, 2022

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

август 18, 2022

Категории:

Реклама, Струмица

За еден професионален пејач да звучи онака впечатливо и добро како што Александра Јанева звучеше на вчерашниот настап на СОФ – потребна е армија од здравствени професионалци кои ќе се грижат за неговото здравје! Ја прашавме Александра зошто ја одбра токму Поликлиника Мартини за оваа важна улога?

„Довербата во еден здравствен тим е нешто што се гради низ годините на основа на лични искуства, а Поликлиника Мартини од самите свои почетоци покажале дека секогаш ми се на располагање за сите мои рутински, едноставни, па дури и посложени медицински интервенции. Во секое време, доволно е само да го свртам нивниот број и да го добијам потребниот совет, да закажам термин или да добијам упат или рецепт. Имаат супер екипа и доволно е само да влезете за да ја почувствувате синергијата која владее таму. Кога настапи хаосот со Ковид, следејќи ги најновите и популарни технолошки решенија во работата, воведоа Вибер услуга со која пациентите со едноставно праќање на порака ги добиваа потребните упати и рецепти, без чекање ред, без контакт со болни, без гужви. Оваа услуга и до ден денес функционира супер и е само една од причините зошто секогаш Мартини ќе бидат мој прв избор и здравствена поддршка пред моите настапи“, вели Александра.

Поликлиниката која ја бележи третата година од своето постоење нуди широк спектар на здравствени услуги од областа на општата и семејна медицина, а во лабораторијата која е составен дел од поликлиниката и нуди сеопфатна дијагностика може да ги реализирате сите видови на биохемиски иследувања:

– крвна слика (анализа на крв);
– седиментација;
– гликемија (испитување на шекер во крв);
– испитување на урина;
– тумор маркери;
– хормонски тестови итн.

Една од најпопуларните услуги е домашната посета по претходно телефонско закажување за сите пациенти кои од најразлични причини се физички спречени да ја посетат поликлиниката. Домашната посета вклучува: преглед, инфузиона терапија, интрамускулна терапија, пер ос терапија, ампуларна терапија, земање на крв за анализа, промена на уринарен катетер, третман на рани и др.

За жените исклучително важна е и гинеколошката ординација кадешто Мартини специјалистите гинеколози-акушери беспрекорно се грижат за женското здравје и за здравјето на бремените пациентки. Овој оддел е составен од гинеколошки амбуланти и центар за фетална медицина.