На Фејсбук, премиерот на Косово, Албин Курти објави изјава во која се вели дека „терористичките вооружени групи“ кои според него се „контролирани и финансирани“ од српската влада денеска отворија оган кон косовската полиција во Северно Косово. .
На крајот од видео изјавата тој рече:
– „Следните часови, денови и недели може да бидат предизвикувачки и проблематични.
Се соочуваме со српскиот национал-шовинизам кој добро го познаваме.
Ќе работиме дење и ноќе, ќе бидеме на врвот на нашите обврски, за вас како граѓани и за нашата демократска Република“.