ГУЦЕВ БЛАГОЈ НАЗНАЧЕН ЗА АСИСТЕНТ ТРЕНЕР НА ФК БЕЛАСИЦА!

јули 25, 2022

Поранешниот играч на ФК Беласица, Гуцев Благој ја доби довербата на управата и во претстојната сезона ќе се приклучи во стручниот штаб како помошен тренер на Шефки Арифовски.

За Гуцев ова е ново, прво искуство како тренер, а досега како играч, покрај ФК Беласица, ги бранеше боите и на ФК Велазерими, ФК Силекс, ФК Пехчево, ФК Брегалница, а има настапувано и во косовска ФК Трепча.

Му посакуваме добредојде, многу успех и среќа во извршувањето на новата функција!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ