Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Вчера реков дека најдоброто допрва доаѓа!
Денеска го потпишав договорот за најголемиот капитален проект во општина Струмица, кој што е клучен за развој на долниот дел на градот и финансиран исклучиво од буџетот на општина Струмица.
Реализираме клучно, стратешко изборно ветување уште во првата година од мандатот.
Мостот на река Водочница е прв булеварски мост кој ќе биде изграден во историјата на Струмица, вреден 30 милиони денари.
Ова значи почеток на реализација на нов булевар Братство и единство!
Најавувам уште многу големи капитални инвестиции!
Нека ни е со среќа прогресивна Струмицо.
Мостот обединување нека биде почеток на народното обединување во Струмица.
Од срце за Струмица ❤️
potpisan e dogovor za realizacija na prvoot bulevarski most vo istorijata na strumica