Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Нов водовод во село Раборци✅
За мене сите граѓани се исти, и тие што живеат во градот и тие во населените места, сите имаат право на подобар живот.
Затоа, општинската градежна офанзива насекаде е во полн ек.
По Костурино, го подобруваме водоснабдувањето и во населеното место Раборци. Од општинскиот буџет издвоивме 2,7 милиони денари за изведба на нови водоводни линии во должина од 1.537 метри.
По главната водоводна мрежа ќе бидат изведени и секундарни линии на кои ќе се приклучат домаќинствата со што ќе им биде решен проблемот со водоснабдувањето.
Јас ги почитувам и прифаќам барањата од граѓаните со кои решаваме суштински проблеми.
Ветив дека заедно ќе ја унапредуваме нашата Општина, тоа и го правиме. Ви благодарам мои струмичани за соработката и поддршката.