Двајца жители на струмичко загинале откако со трактор излетале од пат!

јуни 27, 2022

На 26.06.2022 во 16.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Трибичино кон с.Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички регистарски ознаки, управуван од З.С.(51) од с.Дабиле, излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал З.С., а со повреди се здобил К.К.(74) од с.Владевци, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде подоцна им подлегнал на повредите. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ