Кај дел од стручната јавност постоела дилема дали воопшто беше неопходно да се прави реобдукција, бидејќи, како што дознаваме, за истата немало научно издржани причини.
Завршена е реобдукцијата на телото на починатиот 26 – годишен Јован Витанов кое беше пронајдено кај струмичко Ново Село. Се чека уште на дополнителните резултати од токсиколошките анализи, кои сѐ уште се работат, дознаваме од наши извори.
Кај дел од стручната јавност постоела дилема дали воопшто било неопходно да се прави реобдукција, бидејќи, како што дознаваме, за истата немало научно издржани причини.
Струмичкото обвинителство завчера издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено пред една недела, на 7 овој месец, во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село.
Резултатите од реобдукцијата се очекува да бидат доставени до Основното јавно обвинителство – Струмица во текот на денешниов ден или утре. Овој трагичен случај во струмичко предизвика голем интерес и реакции во јавноста.
Целосната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
ИЗВОР: НОВАТВ