strumica denes logo

Големо понижување за Република Македонија: Рама не нарече идната „западна Бугарија“

Автор:

Датум:

јуни 11, 2022

Автор:

Датум:

јуни 11, 2022

Пратеникот Антонио Милошоски во коментар до премиерот Димитар Ковачевски вели дека неговите реакции покажуваат колку тој е некомпетентен и несвесен дека во меѓународната политика секоја постапка има порака.

-Да си премиер на држава како Ковачевски и пред камери да се смееш на коментарот ова е “идната Западна Бугарија”, пред колегите од Германија и Грција, е показател колку си некомпетентен и несвесен дека во меѓ.политика секоја постапка, гест или досетка не е случајна и си има своја дипломатска порака од присутните и кон присутните, пишува Милошоски на Фејсбук кој воедно е и поранешен министер за надворешни работи.