strumica denes logo

Мицкоски: Младите не можат да го живеат животот со полни гради бидејќи државата става окови околу прогресот на секој слободен човек!

Автор:

Датум:

април 7, 2022

Автор:

Датум:

април 7, 2022

Младиот човек не може да го живее животот со полни гради, затоа што државата става окови околу прогресот на секоја слободна индивидуа. Речиси 200 илјади си ја побарале среќата некаде надвор од државата и се иселиле, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија таква каква што е, државниот апарат кој ги манифестира сите недостатоци во функционирањето ги убива сите амбиции и можности за развој. Реалноста говори дека криминалот, корупцијата, непотизмот, протекциите создаваат неквалитет кој постојано го истиснува квалитетот. И во вакви услови младиот човек не може да го живее животот со полни гради, затоа што државата става окови околу прогресот на секоја слободна индивидуа.

Епилогот на ваквото колективно самоуништување како држава се виде и со овој некомплетен и несреќен попис. Речиси 200 илјади си ја побарале среќата некаде надвор од државата и се иселиле. И оваа појава е истата рана и за младите Македонци, и за младите Албанци, и за младите Турци, Роми, Срби, Власи или Бошњаци, вели Мицкоски.