„Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка“!
Промоцијата на оваа извонредна нова книга, „Пренапрегнат“, од Стојан Мадевски се одржи денеска (28.02.2022 во 18.00 часот), во галеријата наспроти културниот дом „Антон Панов“, во Струмица.
Во книгата се прикажани човечките напори и стремежи за подобро утре, исполнето со среќа и остварување. Идеаликои навидум изгледаат невозможни и апсурдни за остварување, па сепак достижни со малку верба во себе и во Него, преку взаемна љубов со блиските и меѓусебна слога и разбирање. Особено се истакнува човековата желба што води кон грижа за другиот, емотивна длабока приказна за љубовта, надежта, пријателството.
Совршен виор на емоции во кои ќе бидете апсолутно вовлечени до крај.
Нека надежта биде наша водилка. Понекогаш таа е се што можеме да поседуваме.
Топло Ви препорачуваме да го прочитате овој роман. Роман, чиј автор, Стојан Мадевски, е човек кој не се откажува од животот. И да можете да почувствувате и вие светлината на неговите идеи, вербата, храброста, амбицијата, љубовта и надежта.