strumica denes logo

Владата на Република Македонија воведе забрана за влез во воздушниот простор на Македонија за руските авиокомпании!

Автор:

Датум:

февруари 27, 2022

Автор:

Датум:

февруари 27, 2022

Владата на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Република Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација.