strumica denes logo

Се огласи и Џо Бајден: Путин избра војна која ќе биде со катастрофални загуби!

Автор:

Датум:

февруари 24, 2022

Автор:

Датум:

февруари 24, 2022

Американскиот претседател, Џо Бајден, ја осуди руската воена операција во Украина.

„Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра војна со предумисла која ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечко страдање. Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат на обединет и решителен начин“, се вели во соопштението на Бајден.

Понатаму се додава дека светот ќе ја повика Русија на одговорност, а истотака ќе бидат координирани сојузниците од НАТО за да се осигура силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против алијансата.

Бајден најави дека денеска има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ.