Еден од вработените во текстилна компанија „Текстил Солушн“, Полику Авдиу денеска на прес конференција посочи дека иако работел во Германија цели 18 години, сепак среќата ја пронашол токму во оваа компанија.
Тој вели дека условите се исти како во Германија.
„Јас сум задоволен. Бидејќи 18 години работев во Германија и напуштив од таму. Тука ме донесе среќата во ова компанија, пред осум години се вработив. Условите ги најдов исто како во Германија. Тоа да ви кажам искрено. Бидејќи сега ги гледам младите велат идеме во Германија, ама животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен, почнувајќи од директорите Дарко и Маријана, сме задоволни“, вели тој.
Авдиу му се заблагодари на премиерот за компромисот и зголемување на минималната плата.
„Плус сега со минималната плата, благодарение на компромисот на премиерот со партнерите, синдикатот, работодавачите, таа вечер. Многу се заблагодарувам на премиерот што најдоа компромис. Кога има еден компромис, значи убава работа. Сега 18.000, не е многу, ама за скромен живот доволно, ама мислам и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе. Директорите носат се нови машини, ќе расте продуктивноста. За нашата компанија не можеме да се жалиме“