Венко Филипче од Здравство и Јетон Шаќири од Информатичко општество ќе ги напуштат фотељите откако Алтернатива реши да прави кам-бек во Влада.
„Министерот Венко Филипче сега во иднина ќе стане подругар со мене отколку што бил. Ќе има повеќе време за да бидеме другари. Бидејќи кога работите тоа е службено и немате време да дружите. Зошто го кажувам тоа? Затоа што знаете во пролета и летото да не фатите вашите објекти на моторите заедно, тоа е и мој пријател не само мој соработник, секако е еден од поголемите потенцијали на оваа наша земја.“, рече премиерот Зоран Заев.
Заев потврдува дека Алтернатива добива повеќе места отколку што имаше Беса, а тоа го правда со фактот што тие се приклучувале на веќе формирана коалиција.