74-годишен струмичанец со „фиат пунто“ удрил 67-годишна жена која се здобила со тешки телесни повреди.
– На 06.11.2021 во 10.30 часот во Струмица на ул.„Стив Наумов“ патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(74) од Струмица удрило во пешакот А.Т.(67) од Струмица. Во несреќата А.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Струмица.