Излезноста на локалните избори до 11 часот е далеку пониска доколку се спореди со парламентарните кои се одржаа лани. За нешто повеќе од 5 проценти излезноста е помала на ниво на цела Македонија. Денеска излезнота до 11 часот е 10,36, додека лани на парламентарните избори таа била 15,53 проценти.
Во Битола денеска до 11 часот гласале 12,53 отсто, додека лани бројката била 22,2 проценти.
Во Велес, пак, денеска се бележи излезност од 13,83 отсто, а лани тоа било 19,70 проценти.
Во Куманово, општина каде гласаат најголем број на гласачи, излезноста е смао 5,43 отсто, додека лани таа бројка била 14,12.
Во Тетово денеска на гласање излегле 6,7 отсто од гласачите. Лани таа бројка била 11,79. И во Гостивар се бележи пониска излезност. Денеска таа е 5,84 отсто, а лани била точно 10 проценти.
Во Кавадарци излегле 13,77 отсто, додека лани тоа го сториле 20,89 проценти од гласачите.
Најмала разлика има во Прилеп со оглед на тоа што денеска на гласање излегле 17,27 отсто, додека лани тоа го сториле 22,07 проценти од гласачите.
Во Охрид до 11 часот излезноста била 11,73 отсто, а лани таа била 17,53 проценти.