КОСТА КОСТАДИНОВ – КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД СДСМ:
СДСМ беше меѓу првите во регионот што воведе поттикнувачки механизми за рамноправна застапеност на двата пола во органите и телата на Партијата, воведувајќи го концептот на 50-50 на изборните листи. Веруваме во еднаквоста на мажите и жените, како еден од врвните социјалдемократски принципи – родовата еднаквост.
Еднаквото учество на мажите и жените во процесот на креирање на политики е од суштинска важност. Еднакви права и можности треба да уживаат сите жени, мажи, момчиња и девојчиња во сите аспекти на нивното живеење – општествени, политички, правни и економски.
Го поддржувам и понатаму ќе се залагам за развој на женското претприемништво. Жените не се само предодредени да бидат мајки, сопруги, туку континуирано влегуват во сите пори на општеството, што е за вистинска почит и и охрабрување.