strumica denes logo

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: Слаткарница „Карамела“ слави 20 години постоење!

Автор:

Датум:

септември 6, 2021

Автор:

Датум:

септември 6, 2021

Слаткарница „Карамела“ слави 20 годишен јубилеј. По тој повод, сопствениците и вработените си дадоа мал одмор и прославија со парче вкусна торта, она по што тие надалеку се познати.

„Карамела“ започна како семејна бизнис идеја во 2001 година, кога Жан, Ленче и Владимир –  брат, сестра и зет, решија да ги здружат силите и да создадат претпознатлив струмички бренд. На патот кон успехот, голема помош ќе добијат од нивниот татко, инаку поранешен вработен во некогашна „Иднина“. Тој несомнено ќе биде најголема поддршка, извор на искуство и ветар во грбот за тројцата млади луѓе и без размислување ќе се вклучи во реализацијата на нивниот сон.

Почетоците знаат да бидат тешки, но кога се работи со љубов, пасија и огромно внимание, резултатите се неизбежни. Според сопствениците, одлуката да се посветат на квалитетот пред квантитетот била најдобрата донесена одлука. Така, за кратко време побарувачката ќе започне да расте експоненциално, бројот на задоволни муштерии ќе се зголемува од ден на ден, а работниот простор на „Карамела“ од скромни неколку квадратни метри, во текот на годините ќе се зголемува двојно, па дури и тројно.

„Не беше важно во колкаво пространство работиме, се’ додека владее тимскиот дух и се’ додека го работиме ова со толкава љубов. Секој нов клиент беше наша мала победа и ние сме свесни дека немаше денес да бидеме овде, ако го немавме нашиот посветен тим од работници, но и ако ние не ги засукавме ракавите заедно со нив. Ние сме една целина.“ – вели за нашата редакција Ленче Цветанова, сопственичка и главна „виновничка“ за сите тие убаво декорирани торти, заедно со неjзиниот специјален тим.

Првиот понуден производ на пазарот беше традиционалниот струмички еклер, а потоа кон понудата беа додавани нови и нови деликатеси, мали слатки задоволства што ги тераат клиентите одново да се вратат. Денес, 20 години подоцна, „Карамела“ нуди над 70 видови слатки, колачи и домашни торти, декорирани по сечиј вкус. Брендот ги има надминато границите на Струмица и сега е еден од најголемите дистрибутери на територијата на целата држава.

„Карамела низ годините успешно се претвори во фабрика за среќа. Фабрика каде брашното, јајцата и какаото се претвараат во префинети и слатки мали задоволства, кои го разгалуваат нашето сетило за вкус. Но…има една тајна состојка – во секоја смеса вработените додаваат по неколку капки љубов. Така настанува вистинската магија.“

Од неодамна, слаткарницата има објект на нова и модерна локација. Насмеаниот персонал ве очекува во зона Север, улица Ѓуро Петров број 2 или на телефонскиот број 070 703 383. Повелете!

Tимот на Струмица Денес им посакува уште многу јубилеи и успешно работење. Во чест на 20-тиот роденден, 20 фотографии од нивни дела.