Драмата насловена „Со човечко лице“ на нашиот струмички драмски писател Митко Бојаџиски во конкуренција на 62 текста, влезе во вториот круг меѓу седумте од кои ќе се бира најдобра драма на меѓународниот конкурс кој беше традиционално објавен од страна на Нов Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија!
Авторите кои се избрани ќе бидат дел од книжевната работилница под палката на големиот писател Ѓеорги Господинов каде што авторите ќе имаат можност да се фокусираат и работат на нивните драми, а драмата на победникот ќе блесне на театарската сцена во Бугарија.
Преводот од бугарски на македонски јазик го направи нашиот сограѓанин Митко Гогов, додека лексичкото уредување е на Петар Чухов.