Колумна за Струмимца Денес на професорот од УГД Оливер Цацков:
За историјата се вели дека е наука што го бележи минатото. Исто така се вели дека знае да биде цинична. Многуте настани низ долгата човечка историја го потврдиле овој факт. Денес ќе се задржиме на еден таков, поточно на Пандемијата на Шпанскиот грип од 1918 година. На прашањето што го одбележи 20- тиот век, никој овој планетарен настен нема да го вброи во најзначајните настани од минатиот век. Во оваа група, се вбројува и себеси. Иако, јас предавам историјата на 20 -тиот век и за мене оваа пандемија беше само еден историографски факт и на истата се задржувавав многу малку. Но, книгата ˮБелиот Јавачˮ, од Laura Spinney драстично ми го смени мислењето за важноста на овој историски настан. Бидејќи деновиве сме сведоци на третиот бран на КОВИД пандемијата сметав дека не е на одмет да се потсетиме на клучните факти за шпанската пандемија, како и да ги согледаме сличностите и разликите помеѓу овие две планетарни појави.
Пандемијата денес како и шпанската пандемија од минатото, ниту се и ниту ќе бидат последни пандемии со кои човештвото ќе се сретне, но сепак по многу нешта тие две се специфични. Ако одблизу ја анализираме оваа катастрофа многу лесно ќе го разбериме и социјалниот елемент на оваа пандемија. Тие моменти ќе покажат како шпанскиот грип се доживувал во различните делови во светот. На 18 март 1918 година, во војниот диспанзер во кампот Фунстон Канзас се појавил куварот Алберт Гитцхел кој се жалел на главобокла, вртоглавица и болка во грлото. До пладне, на вратата на истиот диспанзер тропнале повеќе од 100-тина војници со истите симптоми. А, следната недела војниот доктор побарал и хангар за да можат да се сместат сите заболени. Гитцхел можеби не бил првиот кој бил заболен од шпанскиот грип, но со сигурност се знае дека тој е меѓу првите кој бил забележан. За него се врзува и една метафора дека после него во диспанзерот ќе поминат уште 500 милиони заболени. Веќе во мај истата година, грипот ˮсе истоварилˮ во Северна Африка. И до крајот на истиот месец престигнала во Бомбај, Индија, за подоцна да се прошири и до Кина.
Њу Јорк Тајмс (New York Times), веќе на 1- ви јуни известувал за ˮчудната пандемија која го косеше северниот дел на Кина.ˮ Така жителите на Њу Јорк дознале за 20-те илјади случаи на заболени во кинескиот град Тијандсин и за уште илјадници заболени во Пекинг. Додека во Јапонија грипот ескавирал при крајот на мај, а веќе во јуни се појавил и во Австралија. Токму тогаш се добил впечаток дека пандемијата почнала да се повлекува со што се означил првиот бран на истата.
Релативно благот бран предизвикал извесни пореметувања кои биле далеку од некаква паника. Во август грипот се вратил но овојпат трансформиран. Тоа бил вториот бран, кој воедно бил и најсмртоносен. Овој пат центар на пандемијата бил триаголникот Фритаун во Африка, Бостон во САД како и во француското пристаниште во Брест. До крајот на септември грипот ја зафатил цела Европа. До крајот на декември 1918 година поголемиот дел од светот бил ослободен од грипот.
Антартикот, островот Св. Елена и островот Марајо во Амазон биле единствените делови од светот кои биле поштедени од шпанскиот грип. Третиот бран започнал во моментите кога заедниците во светот закрепнувале од вториот бран. На 18-ти март 1920 година фармерот Схонаијо кој живеел северно од Токио запишал: Кеиширо настина и кашла и отиде во храмот да се помоли за да заздрави од настинката. Овој запис укажал дека тој бил болен од шпанскиот грип. Ако податокот се земе за вистинит тогаш Кеиширо е последниот случај во моментите кога пандемијата била завршена.
Кога ќе се појави нова закана по животот најважно е таа прво да се именува, а потоа може да се зборува за неа. Тогаш може да се предложат решенија и предлози за тоа како да се справиме со заканата но и истите да се прифатат или отфрлат. Поимот пандемија која се однесува исклучиво за човечкиот род, прв го употребил Хипокрит. Пред тоа поимот се однесувал за се што се шири, од магла па до различни гласини. Во 2015 година СЗО дала насоки како да се именуват болестите. Препораките кои тие ги дале пред се се оденесувале на тоа да се избегнуваат поими кои ќе предизвикуваат стигматизација на одредени заедници, да не содржат имиња на луѓе, места и животни како и да не ги содржат во себе зборовите: неизлечива, заразна болест. Наместо тоа да се користи генерички опис на симптомите, пр. болест на дишните патишта и слично. Денес го имаме Ковид 19.
Шпанија во Првата Светска војната била неутрална и така била ослободена од притисокот на цензурата. Локалните весници континуирано известувале за болеста и тие брзо се ширеле низ светот. Изјавата на шпанскиот доктор Тривијано најдобро одсликува како Шпанците реагирале на пандемијата кога ја нарекле Шпанска. “Нека се знае, дека како чесен Шпанец протестирам против името шпанска грозница“. Далеку пред препораките на СЗО луѓето ги почитувале правилата за именувањето на пандемијата и прстот го насочувале кон другиот. Па така, Сенегал го нападнал бразилскиот грип, во Бразил бил именуван како гермаски, додека Данците тврдиле дека тој пристигнал од југ. Полјаците го нарекувале болшевичка болест, Персијците ги обвинувале Британците, а Јапонците своите сумо борачи (првиот бран се појавил во време на натпревар) па така и го добил своето име СУМО – ГРИП. Најживописното именување во време на пандемијата било во Африка. Па така во Фритаун локалните весници излегле со предлог, се дури не се дознае.
За болеста истата да се именува како манху, или во превод што е тоа?
Во Гана ја нарекле Mowure Kovdo или “господин Кодво од селото Моури„ бил првата жртва на грипот во тоа подрачје. Нигерискиот народ Идво за прв пат во својот речник го употребиле зборот ogbo ifelunza, верзија на зборот инфлуенца кој до тогаш воопшто не бил познат за нив. Но набргу станало јасно дека не станува збор за повеќе локални епидемии, туку дека станува збор за глобална пандемија. Затоа, се јавила потреба да се унифицира името на пандемијата. И како што обично во историјата се случува, шпанскиот грип назив кој се користи во земјите. Но како тогаш луѓето се соочувале со пандемијата. Се разбира вакцина не постоела, а што можеле да понудат докторите? На поголемиот дел од населението во индустрискиот свет им бил понуден аспирин. Иако немало докази дека бил ефикасен во случајот на грипот сепак бил препишуван во големи дози. Надвор од индустрилизираниот свет луѓето се обратиле на традиционалните исцелители. Индиската и јапонската древна метода на лечење со билки била проверена но и ефтина алтернатива на западниот свет. Овие луѓе можеби и верувале во ефикасноста на западната медицина но едноставно не им била достапна. Индиските исцелители направиле тесто од брашно и вода со човечки облик и притоа мафтале пред лицето на болниот за да ги измамат лошите духови. Во Кина освен со поворки и ликови на змаеви на улиците луѓето оделе во јавни бањи за да ги изморат лошите духови, пушеле опиум и земале капки направени од крв на коза и форзиција. Се разбира дека овие ˮлековиˮ биле само едно обично плацебо.
За пандемијата од 1918 година постојат три теории за кои сеуште не може да се најде заклучокот за тоа која е точна. Дури и по 100 години по нејзиното постоење постои можност за нејзино ревидирање. Но некои нешта се потврдени. Шпанскиот грип е најголемата катастрофа која го погодила човештвото, со тоа што бројот на однесени животи изнесувал повеќе од вкупниот број на жртви од двете Светски Војни. Оваа пандемија целосно го промени светот. Па така Марк Хонигсбаун ќе напише: ˝дури ни на стогодишнината (2018 година) од пандемијата нема да најдете гробишта и организирана комеморација на жртвите кои беа на плеките на докторите и сестрите. Исто така нема да најдете ниту романи, песни или слики кои ќе го одбележат тој период од историјата˝.
Зошто пандемијата КОВИД 19 ќе остане во нашата колективна меморија?
Денес, да ја слушнете која било радио или телевизиска програма во светот на јазик кој воопшто не го разбирате, сепак ќе го препознаете зборчето КОВИД 19. Глобализацијата освен технолошки и економски не поврза и со пандемијата. Секојдневно добиваме информации за бројот на заразени и починати од сите точки на планетата. Освен оние 10- тина островски земји на Пацификот кои пандемијата ги одмина. Во догледно време откако пандемијата ќе стивне епидемиолозите, вироозите, историчарите на медицината ќе ја разглобат оваа пандемија, проучат но и расветлат и затворат приказната за првата пандемијата во 21 век. Но ,она што засекогаш ќе остане во нашата колективна меморија е тоа што епидемијата во многу нешта ќе не промени. За прв пат поминавме низ карантин, полициски час и социјално дистанцирање кое е толку нетипично за овие наши простори. И сето ова зачинето со цинизмот на историјата. Во моментот кога го пишуваме овој текст сведоци сме на третиот бран на пандемијата КОВИД 19 наметнувајќи ни се прашањето дали и ќе биде последен. Затоа и понатаму да останете ме одговорни, не дозволувајќи на бранот да се претвори во цунами.