Денес, (сабота) 12.09.2020 година во 17.57 часот покрај патот Струмица-Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возач од автомобил кој беше излетен во провалија.
Со алпинистички јажиња и носила возачот е извлечен и предаден на екипа на брза помош.