На прес-конференцијата во 13 часот Државната изборна комисија ја објави излезноста на избирачките места до 13 часот која е 24,61 проценти.
Досега своето право на глас го оствариле 446.438 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,371 избирачки места.
По изборни единици податоците до 11 часот се следни:
ИЕ 1 – излезност од 27,23 проценти
Најголема излезност има во Македонски Брод 35,04 проценти, општина Аеродром 30,15 и Кисела Вода 29,24 пропценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 15,19 проценти
ИЕ 2 – излезност од 22,08 %
општина Ѓорче Петров најголема излезност со 29,01 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 15,66 проценти
ИЕ 3 – излезност 29,57 %
општините Крива Паланка 43,31 %, над 20 проценти е речиси со сите останати општини во рамки на оваа изборна единица.
ИЕ 4 – излезност од 28,18 %
општина Новаци најголема излезност со 42,4 проценти. Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци и Прилеп имаат излезност од над 30 проценти
ИЕ 5 – излезност од 23,69 %
општина Крушево најголема излезност со 37,84 проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 5,59 проценти
ИЕ 6 – излезност од 16,34 %
општина Тетово најголема излезност со 20,18 проценти.