strumica denes logo

ПОЧНУВА ТРИДНЕВНОТО ГЛАСАЊЕ: Први ќе се изјаснат заразените со КОВИД-19 и лицата во самоизолација!

Автор:

Датум:

јули 13, 2020

Категории:

Политика

Автор:

Датум:

јули 13, 2020

Категории:

Политика

На полноќ започна предизборниот молк кој ќе трае до среда кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат лицата со ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Поради состојбата со Ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

На гласање на 15 јули, сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Молкот ќе заврши в среда во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.

Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.